Маските и визирите задолжителни – Еве како изгледа снимањето на филмовите за време на коронавирусот (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Еден од првите филмови во Холивуд кој што го продолжи снимањето е „Последниот дуел“ со Мет Дејмон, Џоди Комер и Адам Драјвер во главните улоги.

Тие ги објавија и првите фотографии од снимањето на филмот во Ирска. Филмот почна да се снима во месец март, но само неколку недели по снимањето истото било запрено поради пандемијата.

Фото: Профимедиа

Сега главните актери се вратија на сетот и може да видиме дека мерките за претпазливост навистина се почитуваат.

Сите актери мора да носат заштитни маски. На фотографиите може да се види Мет Дејмон со заштитна маска. Комер сепак одлучила да носи визир.

Фото: Профимедиа

Исто така, сите статисти кои што учествуваат во снимањето на филмот мора да носат заштитни маски, а поинаку не можат да пријдат до местото на снимањето.

На актерите единствено им е дозволено да ги извадат маските кога снимаат сцени. Во текот на сите паузи мора да ги носат на своите лица, а секој ден им се мери и температура.

Фото: Профимедиа

Инаку, филмот „Последниот дуел“ го режирал генијалниот Ридли Скот, додека пак сценариото го пишувале Мет Дејмон и Бен Афлек.

Во кината треба да пристигне во октомври, 2021 година.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот