Маски за коса кои може да ги подготвите дома: Сè што ви треба ова лето за сјајна и здрава коса

девојки лето коса
Фото: Pexels+Unsplash

Повторно е тоа време од годината кога сонцето може да го уништи сјајот на вашата кожа и коса. И покрај тоа што сите знаеме за штетата што можат да ја предизвикаат УВ-зраците на кожата, се чини како да не се зборува доволно за тоа дека може да ја направи и вашата коса сува и безживотна, пишува „HealthShots“.

Но, не грижете се. Еве неколку домашни маски за коса кои се совршени за летниот период и кои можат да ви помогнат да ѝ дадете на вашата коса малку свежина и да ѝ го вратите здравјето и убавината.

коса

Терапија со млеко

Млекото може лесно да се нанесува на косата, а истото ја храни и ќе ѝ даде дополнителен сјај. После шампонот, исплакнете ја косата со млеко и оставете да делува 5 минути. Потоа исплакнете ја косата само со вода.

Маска со јајца за сува коса

Додадете јајце во чаша млеко и изматете го добро. Втријте ја смесата врз вашиот скалп и оставете ја да делува пет минути. Исплакнете со вода. Правете го ова двапати неделно.

Масло од сусам и глицерин за кршлива коса

Земете 1 лажица масло од сусам, една лажичка чист глицерин и една жолчка од јајце. Измешајте ги сите состојки заедно и нанесете на косата и на врвовите. Оставете да делува половина час, а потоа измијте со шампон. Ако имате подолга коса, ставете малку повеќе масло.

девојка

Маска со врело масло за регенерација

Двапати неделно, загрејте чисто кокосово масло и нанесете го на косата и скалпот. Потоа натопете крпа во топла вода, исцедете го вишокот вода и завиткајте ја мократа крпа околу главата, како турбан. Држете 5 минути. Повторете ја постапката со топол мокар пешкир 3 или 4 пати. Оставете го маслото на глава преку ноќ. Следниот ден измијте ја косата со шампон.

Масло од рицинус за подобра текстура и боја

Измешајте 1 лажичка масло од рицинус со 1 лажица чисто кокосово масло. Загрејте и нанесете ја смесата на косата и скалпот. Оставете да делува преку ноќ. Рицинусово масло ќе ја „оживее“ вашата оштетена коса.

коса

Бадемово масло за многу сува и оштетена коса

За екстремно сува и оштетена коса, измешајте малку масло од бадем со жолчка од јајце. Нанесете ја смесата на вашата коса. Врзете стара шамија на главата и оставете да делува еден час. Потоа, измијте ја косата со шампон.

Авокадо за потхранување

Авокадо може да ја спаси вашата коса. Протеините и маслата во авокадото ќе ја потхранат косата, додавајќи ѝ совршен сјај. Земете едно авокадо и смачкајте го. Додадете една лажица сварен зелен чај и една лажица прашок од семе од пискавица или тилчец, познато и како „грчко семе“. Помешајте ги состојките, додавајќи малку млака вода. Нанесете на косата и измијте по половина час.

хормони девојка

Маска со пиво за сува коса

Пивото е одлично за сува и „безживотна“ коса во лето и истото ќе ѝ даде сјај. Откако ќе си ја измиете косата со шампон, додадете малку сок од лимон во пивото и исплакнете ја косата. Почекајте неколку минути и измијте со обична вода.

Маска со мајонез за омекнување на косата

Кој би помислил дека мајонез би се нашол во списокот на маски за коса, нели? Нанесувањето мајонез на косата помага во нејзино потхранување и омекнување. Нанесете мајонез на косата и почекајте половина час. Потоа измијте ја косата со шампон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот