Марина Перазиќ/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Марина Перазиќ и Фирчи од „Екатарина Велика“ станаа баба и дедо

Пејачката Марина Перазиќ и поранешниот тапанар на групата „Екатарина Велика“, Иван Феце Фирчи, го слават доаѓањето на нивниот внук. Нивната помлада ќерка Луна се породила, а токму гордиот дедо прв ја сподели среќната вест со јавноста.

Пејачката Марина Перазиќ (67) и музичарот Иван Феце Фирчи (63) станаа баба и дедо. Среќната вест ја сподели Фирчи на социјалните мрежи, откривајќи дека нивната ќерка Луна родила син.

– Станав дедо пред половина час! Машко! Браво Луна и Сандро! – напишал поранешниот тапанар на култната група „Екатарина Велика“ на големо задоволство на своите следбеници.

Иако никогаш официјално не беа во брак, Марина и Фирчи со години беа познати како еден од најпознатите и најинтригантни парови на музичката сцена на поранешна Југославија, а нивниот однос и денес привлекува медиумско внимание.

Нивната љубовна приказна започнала во осумдесеттите години, а во 1988 година одлучиле да живеат заедно во Њујорк, каде што се преселиле на негово барање. Како што еднаш рекла Марина, славата ја гушела и никогаш не сакала да биде позната.

– Отидов во Америка по четири ипол години многу интензивна кариера. Ние станавме славни преку ноќ, сè дојде ненадејно. Она што најмногу ме оптоваруваше беше губењето на приватноста. Очекував, во ред, кога ќе дојдам во Загреб, тогаш е нормална работа, имам концерт, дека потоа ќе давам автограми и ќе се сликам, но кога шетав во Риека, беше ужасно. Едноставно не можев да одам без да трчаат по мене – изјавила таа претходно за „ИнМагазин“.

 

Поради тоа се преселила во Њујорк, прифаќајќи ја поканата на својот долгогодишен партнер и тапанар на групата „ЕКВ“, Иван Феце Фирчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот