Мареј бара одговори од Ѓоковиќ

Мареј и Ѓоковиќ се познаваат уште од детството/ фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Британскиот тенисер Енди Мареј ја прокоментира ситуацијата со Новак Ѓоковиќ кој по петдневен престој во хотел за мигранти во Мелбурн, на федерален суд го доби спорот со австралиската влада која мораше да му ја врати визата и со тоа доби право да ја брани титулата на Австралија Опен.

Мареј и Ѓоковиќ се познаваат уште од детството, а британскиот тенисер вели дека е добро што Ѓоковиќ се наоѓа на слобода.

– Позитивно е што Новак повеќе не е во притвор. Јасно е дека победи на суд и се надевам дека сега ќе може да се фокусира на тенисот – изјави Мареј кој потоа побара одговори од српскиот тенисер.

– Има уште неколку прашања на кои би требало да одговори. За изолацијата и сигурен сум дека ќе одговори. Додека тоа не се случи, тешко е дека ќе можам да дадам свое мислење за целата ситуација. Тука сум за да играм и да освојувам турнири.За прв пат победив тука по три години, не сум тука за да зборувам за такви ситуации – вели Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот