Манчини: Македонија е добар тим

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини смета дека неговите фудбалери добија итересен противник во Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на СП во Катар.
– Добивме тешка ждрепка, Македонија е добар тим. Ќе играме за да победиме, но во финалето ќе одиме да играме на гости. Португалија или Турција, исто така се многу силни – е првата реакција на Манчини по ждрепката.
Победникот од дуелот Италија – Македонија во финалето од баражот во групата Ц ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Португалија и Турција.
Видео на денот