БАРАЖ за СП 2022: Мундијалската виза Македонија ќе ја „вади“ против актуелниот европски шампион Италија

Македонија ќе игра во полуфиналето на баражот за пласман на СП 2022/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против селекцијата на Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Легендата на светскиот фудбал, Лотар Матеус, Македонија ја испрати на мегдан со актуелниот европски шампион, Италија во групата Ц.

Полуфиналните натпревари од баражот за пласман на Мундијалот во Катар ќе се играат на 24 март идната година, додека финалните пресметки се закажани за 29 март.

Победникот од натпреварот Италија- Македонија за пласман на СП во Катар ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Португалија и Турција.

За прв пат во историјата на квалификациите за пласман на едно Светско првенство, баражот преку кој ќе бидат познати последните три патници од Европа на СП во Катар, ќе се игра во нов формат. Дваесетте репрезентации кои се борат за трите мундијалски визи се поделени во три групи.

Победниците од полуфиналните натпревари од секоја група ќе играат меѓу себе и ќе ги дадат последните патници од Европа на СП во Катар.

Група А
Шкотска – Украина
Велс – Австрија

Група Б
Русија – Полска
Шведска – Чешка

Група Ц
Италија – Македонија
Португалија – Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот