МАЛЕСКИ ЗА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“: Сега нема потреба од вжештување на атмосферата во Македонија по повод бугарските услови

денко малески
Професор Денко Малески, Фото: Слободен печат/Архива

Професорот Денко Малески смета дека во овој момент за нас е најважно што Владата и Собранието на Бугарија дадоа поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Црвените линии“ на Бугарија, според него, се забелешки кои ќе треба сериозно да се разгледаат.

Имено, бугарската влада вчера усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“

– Во овој момент најбитно е што Владата и Собранието на Бугарија дадоа поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Забелешките кои се дадени во документите се нешто за што ние тука ќе мора сериозно да размислиме затоа што за нивното исполнување, Бугарија ќе инсистира во процесот на преговори. Македонија има своја приказна и Бугарија има своја приказна, но поентата ќе биде да се најде заедничката, европска вистина. Тоа ќе биде првенствено задача за политичкиот врв, а потоа и за академската заедница. Во прашање се преговори од неколку години, тоа е време во кое двете земји може да се усогласат. Треба отворено да се преиспитаат сите прашања, со желба да се постигне успех на крајот од процесот. Мое мислење е дека сега нема потреба од вжештување на атмосферата во Македонија по повод бугарските услови, и покрај тоа што меѓу нив има и такви што ниту најлибералните не би можеле да ги прифатат. На пример, не држи нивниот заклучок дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот, затоа што дури и дијалектите можат да станат самостојни и да добијат статус на официјални јазици.

Потребно е да се подготвуваме за она што не очекува. Треба да имаме предвид и дека на нашите балкански простори на разговорите за историјата треба да им се пристапува со посебно внимание кога се разговара со другата страна и со обид да се разберат и емоцијата и ставовите на другата страна – вели професорот Малески во изјава за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот