Маленко: Пливачката федерација ниту е зависна, ниту е заложник

pfm.org.mk

Како што вели Александар Маленко, тој ја гледа само Пливачката федерација на Северна Македонија како единствена институција легална за пливање и далечинско пливање во нашата држава и призната од сите меѓународни надлежни институции за спорт како единствена надлежна институција од нашата држава за репрезент на водени спортови на нашата држава за меѓународни настапи.

Од друга страна, пак пред 15 дена, Националната пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев (која е регистрирана во Централниот регистар) имаше прес конференција и апелираше до сите институции, особено до до Македонскиот олимписки комитет кој е трипати писмено известен за настанатите промени во Федерацијата, да постапи според фактичката состојба и да упати допис до ФИНА за настанатите промени, а не да става само промени на својата веб страна и да општи со раководството на измислена Федерација што ја нема во ниту еден регистар.

Целото соопштение на претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко:

– Пливачка Федерација на Северна Македонија по повод јавно изнесени НЕВИСТИНИ, ЛАГИ и КЛЕВЕТИ кон единствена институција легална за пливање и далечинско пливање во нашата држава и призната од сите меѓународни надлежни институции за спорт како единствена надлежна институција од нашата држава за репрезент на водени спортови на нашата држава за меѓународни настапи, од страна на самопрогласени „експерти“ за пливање, комерцијални пливачки клубови, „заслужни пливачи” , „загрижени родители и душегрижници“ ќе одговориме само во интерес на јавноста и вистината пред Се, следново :

Пливачка Федерација на Северна Македонија е горда на сите свои одлуки и постапки по истите во целост од Ноември 2017г. па се до денес, како и за во иднина.
Пливачка Федерација на Северна Македонија и нејзино раководство конечно по 16 месеци давање на простор и време за секој поединец, клуб и школа за пливање да се адаптира и приклучи кон професионална програма и систем за работа во интерес на пливањето, има јасна слика за секој кој на било каков начин има допирна точка со пливање, како и визија како треба и на кој начин да се развива пливањето во нашата држава, а тоа е:

Нема ниту една отстапка од зацртаната заедничка цел – професионализација на федерација, клубови и спортисти во целост, вреднување на работа и врвен спортски резултат.
Пливачка Федерација на Северна Македонија е горда на сите награди добиени од Светски Институции за Спорт, кои се резултат на Нашата Искрена и Професионална Работа за Нашето Пливање и Гордо Претставување на Нашата Држава во Светот. Истите се поттик за уште понапорна работа и подобар резултат на нашите пливачи.

Пливачка Федерација на Северна Македонија ниту е зависна, ниту е заложник, ниту некогаш ќе биде од државни, партиски и лични криминално политички разврски и пазарења, како што во последнава година некој упорно сака да ја наметне во јавноста со гнасни и рекет рекла казала лажни клеветења кон ПФСМ раководство.
Пливачка Федерација на Северна Македонија е истата федерација од 1946г. основана во Охрид, истата онаа во која членуваа сите тие “душегрижници” за пливањето, истата таа на чиј грб и во нејзино име сите тие поединечно и здружени лапаа дебели народни буџетски пари, а се во име и за име на „пливачите, децата“ итн итн.

Ова раководство има едно да порача на сите нив до последен:

Одиме со уште посилно темпо на професоонална работа со цел услови и третман за секој пливач-талент за постигнување врвен спортски резултат и иститот адекватно награден за секој пливач и тренер.
Пливачка Федерација на Северна Македонија подржува и ќе подржува секој наш пливач со врвен и достоен резултат да ја претставува нашата држава на официјален натпревар, а за секој пливачки клуб со неисполнети обврски кон матична федерација, непочитување на правила и прописи утврдени со Правилник и произлезени од Статут на
ПФСМ, ЛЕН, ФИНА и ИОК ќе има санкции и забрана до исполнување на последната
обврска.
Се разбира, во меѓувреме секојдневно, задолжително на секој од Вас ќе Ви биде
посочена излезната врата засекогаш од пливачкиот спорт, но со секоја платена обврска која ја имате свесно заборавено последниве 20год, кон ПФСМ и Државата.

НАПОМЕНА : Пливачка Федерација на Северна Македонија не е регистрирана како правен субјект или здружение во Централен Регистар, од причина што нејзиниот ЕМБ 5134846, е превземен од нов регистриран субјект под нејзино име, и сменето во ист момент на упис, иако претходно се водеше постапка која после една година заврши во корист на ПФСМ и Нејзин Претседател Александар Маленко.

За жал, истото СЕ УШТЕ НЕ СЕ СПРОВЕДУВА ОД САМО НИМ ПОЗНАТИ ПРИЧИНИ.
Доказ – Решение од Второстепена Комисија за Жалби, при Влада на Р.С.
Македонија, Скопје Број, 3202-47/2 од 27.06.2019г.

Спортски Поздрав,

25.10.2019, Охрид

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА на
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот