Фото: Српско МВР

Малчанскиот бербер виден во Малча: „Се сретнавме очи во очи, беше валкан и исцрпен“

Потрагата по Малчанскиот бербер и понатаму е во тек. Денеска, еден од жителите на Малча пријавил во полиција како се сретнал со него очи во очи, и како Нинослав Јовановиќ преспал во неговиот амбар.

Полицијата го пребарува местото час и половина, јавуваат српските медиуми.

Јовановиќ е виден кога го напуштил амбарот, веројатно во потрага по храна.

– Излегов од куќата и се сретнав очи во очи со него. Беше целиот извалкан, во некоја сива јакна и многу исцрпен – рекол жителот на селото во чијашто куќа е виден „берберот“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот