Македонските пливачи со успех и медали се вратија од Лесковац – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Македонските пливачи со успех и медали се вратија од Лесковац

Одлични резултати на нашите надежи на меѓународниот пливачки митинг во Србија...

Денеска во Лесковац на меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки победник“ настапија девет клубови од Македонија со 80 пливачи.

Претходно Александар Маленко испрати допис до Српската пливачка федерација во кој бара да не се дозволи настап на нашите пливачи во Лесковац кои доаѓаат од клубовите кои не се регистрирани во неговата федерација.

Но, тоа не спречи голем дел од децата да забележат одлични резултати, се вратат со успех и освојат медали.

Резултатите од сите дисциплини на меѓународниот пливачки митинг можете да ги погледнете ТУКА

Од македонските пливачки клубови, ПК Младост освои два медали, потоа три ПСК Челични – Штип, четири ПК Октопод, шест ПК Бета Шаркс, осум ПК Вардар Скопје, а најмногу медали, 13, ПК Скопје.

Исто така можете да ја погледнете и целата листа на клубови, освојувачи на вкупно медали на следниот ЛИНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close