Македонските кикбоксери со четири медали на Светскиот куп во Будимпешта

Македонскиот кик бокс цели кон нови успеси на меѓународните турнири/Фото: facebook.com/urkodejan.mitrovski

Во периодот од 16 до 19 септември 2021 година се одржа Светскиот куп во кик бокс во Будимпешта (Унгарија) од каде што со медали се враќаат македонските натпреварувачи.

Миа Тодорова од КБК „Шампион“ во лоу кик се закити со сребрениот медал, таа загуби во финалето од Валентина Кери (Србија).

Бронза освоија Филип Ризов од КБК „Кавадарци“ лоу кик, потоа Иле Левков лоу кик од КБК „Лидер Виница“ и Туркер Исмаил кик лајт од КБК „Шампион“.

До медал не успеа да дојде Иван Кукуновски од КБК „Шампион“ во дисциплината кик лајт.

На овој Светски куп настапија 1690 кикбоксери од вкупно 45 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот