Македонскиот кикбоксер Ѓоргиев обезбеди најмалку бронза на Светското првенство во Италија

Димитар Ѓоргиев стартуваше со две победи на СП во Џесоло Лидо, Италија/Фото: /facebook.com/WAKO-MACEDONIA

Димитар Ѓоргиев стартуваше успешно на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Џесоло Лидо, Италија во категоријата лоу кик – 81 кг.

Македонскиот кикбоксер забележа победа од 3:0 против домашниот натпреварувач Давид Дано, а со истиот резултат триумфираше и над Србинот Милош Даковиќ.

На тој начин Ѓоргиев обезбеди најмалку бронза, а во полуфиналето ќе ги одмери силите против Никола Николов од Бугарија.

Во втората полуфинална пресметка се соочуваат Елјан Алкишијев од Азербејџан и Босанецот Никола Дробњак.

На ова СП партиципираат вкупно 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот