Македонскиот каратист Басаров во финалето на ЕП во Финска

За златниот медал Басаров во Тампере ќе се бори против Азербејџанецот Каримзада/Фото: facebook.com/arsovski.zarko

Голем успех оствари македонскиот натпреварувач Андреј Басаров од карате клубот Штип на Европското првенство кое се одржува во Тампере, Финска.

Во кадетска конкуренција во категоријата +70 кг. се пласирше во финалето после три остварени победи.

Нашиот борец беше подобар од Гркот Екторас Пергантс со 2:0, потоа со 3:0 го совлада Александру Гулас од Романија, а со 1:0 триумфираше над Дугладзе Тимоте од Грузија.

За златниот медал Басаров ќе ги одмери силите против претставникот од Азербејџан, Нихад Каримзада.

На ова Европско првенство се пријавени вкупно 1008 натпреварувачи од 45 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот