Фото: facebook.com/alen.rustemov.1

Македонскиот боксер Ален Рустемовски е финалист на шампионатот Опен Балкан

Македонскиот боксер Ален Рустемовски успеа да обезбеди финале на Опен Балкан шампионатот (под покровителство на ЕУБЦ) што се одржува во Пале, Босна и Херцеговина.

Рустемовски во својата категорија до 60 кг., го совлада Никита Косман од Русија со резултат 3:2.

Во финалето Рустемовски ќе ги одмери силите против Стефан Чамовиќ од Србија.

Останатите наши боксери претрпеа порази, во категоријата 52 кг. Андреј Мајкиќ (јуниори) загуби од Никола Раичевиќ од Црна Гора со 5:0.

Потоа, Синиша Талевски со 5:0 беше совладан од Данило Марковиќ од Црна Гора во категоријата 63,5 кг., додека Наум Стојаноски со истиот резултат кај сениорите загуби од Хамза Рашљанин од Србија во категоријата 71 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот