Македонија ќе ја продлабочува билатералната соработка со Кина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски имаше работна средба со владина делегација од Народна Република Кина. Целта на посетата е продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на царината, извозот/увозот односно трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло.

Во рамките на посетата се иницираа различни прашања кои се однесуваат на трговските односи, кои вклучуваат инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Народна Република Кина. Исто така, се дискутираше за статусот на доставените барања од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за извоз на производи од животинско потекло како што е извозот на јагнешко месо, млечни и месни производи, извоз на квасец за употреба во храна за исхрана на животни.

На состанокот се дискутираше и за потребата од ревизија на Протоколот за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Северна Македонија во Народна Република Кина помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Генералната дирекција за квалитет, контрола, инспекција и карантин на Народна Република Кина.

Со цел продлабочување на трговската соработка помеѓу двете земји, се разгледаа и фитосанитарните барања за извоз/увоз на растенија и производи од растително потекло, како и потребата од размена на искуство и обука на службеници во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика. Ќе се направат и напори да се добие одобрување македонските компании да можат слободно да извезуваат земјоделски и прехранбени производи на кинескиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот