Македонија ја победи Унгарија и го освои третото место во Европската сребрена лига

Фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Унгарија со 3:2 во сетови и го освои третото место во Европската сребрена лига. Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ славеа со 25:22,18:25,25:15,19:25, 15:7,.

Во првиот сет беше забележана голема борба  во која на крајот поуспешни беа македонските одбојкари. Унгарците возвратија во вториот сет во кој доминираа и на крајот го добија со 18:25.

Нашите одбојкари брзо се созедоа по загубениот втор сет и во третиот одиграа фантастично, на стартот се одлепија и рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 25:15. Противникот повторно возврати со подобра во четвриот сет, Унгарија дојде до предност од четири поени, а потоа поведе и со седум поени по што стана јасно дека победникот ќе се решава во петтиот сет.

Во одлучувачкиот сет, македонските одбојкари фуриозно започнаа, направија предност од четири поени и на крајот славеа со убедливи 15:7 што значеше освојување на третото место.

Најдобар поентер на средбата беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 28 поени.

Во досегашните настапи во Европската сребрена лига имаат две бронзи, четири сребра и едно четврто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот