Македонија добива четири таеквондо норми за Европските олимписки игри

фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Како што пренесува Македонската Таеквондо Федерација, Македонија добива четири таеквондо норми за Европските олимписки игри во Краков, Полска, кои ќе се одржат во јуни 2023 година.

Тројцата членови на ТК Бутел, Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска, како и членот на ТК Тигри, Милијана Релиќ, ќе бркаат нова спортска историја.

Македонското таеквондо ги доби овие четири олимписки норми заради високите ранкинзи на светските ранг листи на наведените наши спортисти.

Со ова уште еднаш македонското таеквондо цврсто се етаблира како најуспешен олимписки спорт во Македонија, додека тренерот Борче Костовски како тренер кој континуирано пишува државна спортска историја.

– Во Полска на Европските олимписки игри одиме на медали! ЗА МАКЕДОНИЈА! – стои во објавата на Македонската Таеквондо Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот