Македонија аплицираше за организација на Евро 2023

Креирање нови планови со реални, а до неодамна незамисливи цели за сите што ја создадоа и учествуваа во реализацијата на успешната резултатска приказна годинава, информира Одбојкарската федерација на Македонија.

Одбојкарската федерација на Македонија аплицираше за организација на две европски првенства, на сениорското машко во 2023 година и на женското за одбојкарки до 19 години во 2022.

Следејќи ги сопствените амбиции за да се искористи позитивниот момент, но и чувствувајќи ја довербата на Европската одбојкарска конфедерација, раководните луѓе на нашата одбојка истакнаа кандидатура за организација на два големи настани.

На состанокот во седиштето на ЦЕВ во Луксембург, ОФМ достави апликација да биде домаќин на комплетното Европско првенство за одбојкарки до 19 години, а потоа и да организира една од четирите групи од сениорското машко Европско првенство.

За воопшто да може да разговара со ЦЕВ за олку големи проекти, Одбојкарската федерација побара и доби писмена гаранција од македонската Влада којашто се обврза да помогне во обезбедување финанскиски, материјални, функционални и просторни услови за достојна организиција на овие врвни спортски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот