тука вакцина турковак
Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Македонци може да се пријават за руската вакцина против рак, ако исполнуваат строги критериуми

Македонските граѓани со малиген меланом можат да контактираат српски лекар кој соработува со руските изумители на вакцината против рак и доколку ги исполнуваат многу строгите критериуми тогаш може да се создае пат за дијагностика и третман, вели во интервју за МИА професорот на Медицинскиот факултет во Крагуевац проф. д-р Владимир Јаковљевиќ. Тој е соработник на рускиот тим што ја развива првата мРНА-вакцина против рак.

Тимот е составен од руски медицински експерти, предводени од српскиот доктор Сергеј Бољевиќ на универзитетот „Сеченов“, кои работат на развој на персонализирана вакцина против рак базирана на мРНА-технологија. Јаковљевиќ во интервјуто за МИА вели дека и граѓани од Македонија ако ги исполнуваат многу строгите критериуми би можеле да учествуваат во третманот.

Македонските граѓани можат да го контактираат проф. Бољевиќ преку мене сега, доколку страдаат од оваа ужасна болест и можеме да создадеме пат за дијагностика и за евентуален третман, доколку ги исполнуваат многу строгите критериуми. Верувам дека нивниот пат до терапија во Србија ќе им биде полесен, кога тоа ќе се спроведе во нашата земја, но ова засега е единствениот начин, вели тој.

Овој пристап не претставува класична превентивна вакцина, туку индивидуализиран третман насочен кон тешки форми на карцином. Проектот се смета за значајна можност за регионот, бидејќи отвора простор за нови медицински технологии, трансфер на знаење и потенцијален пристап до напредни терапии за пациенти кај кои традиционалните методи не се доволни. Персонализираната мРНА-вакцина против рак е всушност, персонализирана терапија, која е направена за одделен пациент којшто има малигно заболување и тоа само за таа единствена малигна болест. Што значи дека доколку тој пациент развие друго малигно заболување, оваа терапија нема да делува, туку мора да се направи нова „вакцина“ за него. Намерно инсистирам на терминот персонализирана терапија, а не вакцина. Имено, принципот на дејство е ист како кај вакцинацијата, но оваа терапија не делува превентивно на појавата на карцином, туку терапевтски. Во моментов, се користи за третман на малигнен меланом во Русија, додека компанијата „Модерна“ од 2019 година спроведува клиничка студија, која моментно е во втората фаза на клиничкото испитување. Резултатите од двете страни се ветувачки.

Од пациентот се зема биопсија на туморот и примерок од неговото здраво компатибилно ткиво, се вкрстуваат и на овој начин имунолошкиот систем се стимулира да произведува специфични антитела против нео-онкогенот што се наоѓа на туморските клетки на тој специфичен тумор. Со помош на вештачката интелигенција, се забрзува создавањето на mRNA скелетот, којшто ќе ги детерминира овие специфични антитела.Во овој момент, поради тоа што терапевтската постапка е на самиот почеток, наменета е за пациенти кои ги исцрпиле сите други форми на терапија, но кои имале барем минимален позитивен одговор на имунотерапијата, која во последно време даде исклучително добри резултати во лекувањето на оваа исклучително опасна болест.

Целта на оваа вакцина според него е будење на имунолошкоот систем а се користи само кај терминално болните пациенти затоа што тие ги исцрпиле сите други форми на лекување.

Првиот пациент од Србија минатиот месец замина за Москва за да ја прими вакцината.

Во овој момент оваа терапија во Русија е регистрирана исклучиво за третман на малигнен меланом. Првите следни малигнитети за кои треба да се регистрира се крупноклеточни карциноми на белите дробови. Сметам дека потоа тоа ќе се случи вистинска експанзија во оваа област, бидејќи ова откритие, очигледно, ги забрза истражувањата во оваа област во сите делови од развиениот свет во медицинската научна мисла, изјави професорот во интервјуто за МИА.

Србин замина во Москва за да ја прими новоодобрената руска вакцина против рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот