Вакцинација/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Србин замина во Москва за да ја прими новоодобрената руска вакцина против рак

Руското Министерство за здравство пред неколку дена ја одобри примена на персонализираната mRNК вакцина против рак кај пациенти, со што започна нејзината официјална клиничка употреба, објавија српските медиуми.

Вчера стана познато дека во Москва пристигнал и првиот пациент од Србија, кој боледува од малиген меланом, што ја вброи Србија меѓу првите земји чии пациенти се упатени на оваа иновативна терапија.

Како ќе изгледа неговото лекување и што претставува персонализираната вакцина, објасни професор д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки во Крагуевац, кој е и визитинг професор на Сеченов универзитетот во Москва.

Професорот појаснува дека руските здравствени институции одобриле примена на mRNК вакцината за пациенти со малиген меланом, како и употреба на пептидна вакцина развиена од истражувачки тим со кој тој работи во рамките на Сеченов универзитетот — наменета за карцином на дебело црево.

„Процедурата е следна: се зема примерок од малигното ткиво — вклучително и метастатски промени — потоа примерок од здраво ткиво кое соодветствува на заболениот орган и примерок од крв. Со детална анализа се утврдува мутацијата што ја предизвикала болеста,“ објаснува Јаковљевиќ за Курир ТВ.

Тој додава дека потоа со помош на алатки базирани на вештачка интелигенција се создава препарат кој развива антитела токму против тој специфичен антиген.

„Процесот трае околу три до четири недели. Потоа пациентот добива десет дози — една на секои две недели — што значи дека пет месеци мора да престојува во Русија за да ја прими целата терапија. По завршувањето на циклусот се очекува целосно излекување.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот