Мајката на Бела Хадид мета на критики: Има посебно место во пеколот за Јоланда

јоланда хадид
Јоланда и Бела Хадид / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Откако светски познтиот модел Бела Хадид го шокираше светот со своето интервју за „Вог“, нејзината мајка преку ноќ стана мета на критики.

ФОТО | Бела Хадид конечно призна дека направила пластична операција

Поранешната манекенка, 58-годишната Јоланда Хадид, денес попозната како мајка на супермоделите Бела и Џиџи Хадид, се најде под лупата на јавноста откако нејзината помлада ќерка Бела откри дека го оперирала носот на 14 години.

Бела во таа прилика посочи и дека се кае за тоа што го направила, а корисниците на социјалните мрежи веруваат дека на тоа ја принудила нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)

„Ниту еден 14-годишен тинејџер не сака пластична операција туку така, освен ако некој не му го „набие“ тоа во глава, правејќи го несигурен“, „На што да се обложиме дека Јоланда била главната и онаа поради која Бела се чувствувала толку лошо за нејзиниот нос?“, „На 14 години си премногу млад за да го оперираш носот… Јоланда никогаш не требало да има деца!“, „Бела Хадид го оперирала носот на 14 години??? Има посебно место во пеколот за Јоланда!“, се дел од коментарите на „Твитер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)

Инаку, Јоланда Хадид, која во свое време беше и еден од најпознатите супермодели, е позната како личност која е брутално искрена кон своите ќерки кога е во прашање успехот во модната индустрија. Ова не е првпат таа да се најде под лупа на јавноста поради нејзиното воспитување.

јоланда хадид
Јоланда Хадид / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Слично ситуација имаше и во 2019 година, кога еден магазин објави фотографии од Бела и Џиџи за време на нивното појавување во реалното шоу „The Real Housewives“, во кое учествуваше Јоланда. Јоланда потоа беше исмејувана затоа што ги советувала ќерките да држат диета, на Џиџи ѝ забранила да игра одбојка, верувајќи дека спортот ќе ја направи „огромна“.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот