Мајка објавила фотографија од СИНОТ за да покаже колку ДРОГАТА ГО УНИШТИЛА за само 7 месеци! (ФОТО)

Загрижената мајка ја споделила фотографијата од својот син зависен од дрога, односно две фотографии направени со разлика од само седум месеци, на втората тој изгледа непрепознатливо.

Џенифер Сакфен Трејси од Мисури на Фејсбук сподели фотографија од својот син Коди Бишоп со цел да предупреди на тоа што сериозната зависност од дроги може да му направи на еден човек за само седум месеци. Нејзиниот син е зависен од хероин и мет, а неговата приказна ја сподели на Фејсбук откако не се слушнала со него две недели.

„Коди, доколку го видиш ова, те молам јави се…. те сакаме“, напишала таа во објавата која стана вирална.


Трејси напишала дека ситуацијата на нејзиниот син за жал е реалност и за многу други луѓе и семејства во светот. Вели дека не сакала да ја сподели приказната, но многу лица ја распрашувале за детали и тогаш сфатила дека тоа на многумина им се случува, а речиси никој не зборува за тоа.

Таа додала и дека нејзиниот син бил бездомник во Лас Вегас и дека е загрижена бидејќи не се слушнале. „Тешко е да слушнам дека не му е добро, но уште потешко воопшто да не го слушнам“, изјавила таа и додла дека бидејќи не знае дали е жив, не може да спие.

Трејси вели дека направила сè за својот син да го врати дома, да го тргне од неговиот начин на живот и да му помогне преку медицинската нега која му е неопходна, но ништо не и успеало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот