Луди ритуали: Бизарните навики на славните личности

Фото: Instagram

Тие биле многу успешни во своите професии, но од некои свои бизарни навики никогаш не се откажале.Посебни ритуали, но и малку чудни, се поврзувани со славните личности, а нив ги откриваат нивните биографи и блиски соработници. Писателката Патриша Хејсмит јадела едно исто јадење речиси секое утро – сланина со јајца. Секоја сесија за пишување ја започнувала со чашка жесток пијалак, но, не поради циркулација или енергија, тврди нејзиниот биограф Ендру Вилсон. Таа всушност така ги смирувала повремените „експлозии“ на енергија кои ја воделе кон манијакални епизоди.

Зависник од кафе
Славниот писател Оноре де Балзак имал голема љубов кон кафето. Во 1830 година напишал: „Кафето му дава сила на мојот живот. Ги следев нејзините ефекти во големи размери“. И навистина францускиот писател на романи во една од своите работни сесии пишувал без престан од еден наутро до четири попладне, со само една пауза од 90 минути, за спиење. За да има таква енергија, пиел по 50 филџани кафе на ден, исто така прибегнувал на ужасен метод на будење, кој вклучувал јадење мелено кафе на гладно. Тој тврдел дека во такви мигови „идеите му доаѓале како баталјони од големи армии на своите легендарни боишта“. За Балзак „војните“ беснееле до неговата смрт на 51 година. За тоа време напишал 91 дело во период од само 16 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pizza Pub (@2014pizzapub)


Прејадување без граници
Марлон Брандо имал тешкотии во текот на целата кариера, бидејќи не можел да најде баланс меѓу исцрпувачките диети и големото прејадување. На почетокот од кариерата јадел путер од кикирики во огромни количини, цели кутии со печиво со цимет и огромни појадоци составени од корнфлекс, колбаси, јајца, банани и павлака, како и палачинки во јаворов сируп. Знаел да изеде до шест сендвичи со виршли одеднаш на ноќните забави во Холивуд. Им пркосел на обидите на саканите луѓе и колеги да го сопрат во безумното прејадување и ги кршел катанците кои ги ставале на фрижидерите. Бегал од снимањата носејќи големи кутии сладолед и ги молел пријателите да ги отстранат доказите дека јадел големи количини хамбургери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A Brando A Day (@abrandoaday)


Екстаза од гладување
Стив Џобс, во разговор со биографот Волтер Ајзаксон, на прашањето за името на компанијата „Епл“ му изјавил:

Бев на една од своите овошни диети и штотуку се вратив од плантажа со јаболка.

Џобс бил веган голем дел од својот живот и повремено живеел исклучиво на овошје и зеленчук, со недели јадејќи само еден до два производи, како јаболка и моркови. Тој верувал дека тавката исхрана ги неутрализира телесните мириси и не мора секој ден да се тушира ниту да користи дезодоранси, иако со тоа не се
сложувале неговите колеги.


Понекогаш едноставно гладувал и уживал во „еуфоријата и екстазата“ од гладувањето, иако исто така сакал да ужива во добро авокадо. Верувал дека најдобрата жетва се остварува на најлошата земја и дека задоволството може да се најде само во воздржувањето, забележала неговата ќерка Лиса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FemMagazine (@femm.al)


 Опседнатиот принц
Најстариот принц на кралицата Елизабета, принцот Чарлс, поради своите бизарни барања наводно меѓу неговите вработени е познат како „опседантиот принц“. Меѓу неговите навики, кои ги открива Пол Барел, поранешниот батлер на принцезата Дијана, се барањето пижамата да биде испеглана секое утро, откако ќе се разбуди, а врвките од чевлите по носењето, да се стават под нешто тешко, за да бидат рамни. Температурата на водата за туширање мора да биде секогаш идентична, додека на четката за заби послугата му става паста за заби која мора да биде точно 2,5 сантиметри. Инаку ова не е прв пат да се зборува за бизарните навики на принцот. Имено еднаш излегоа информации дека тој ја менува гардеробата до пет пати дневно. Наводно на сите патувања носи своја даска за тоалетна шолја и на некои од приемите и забавите си носи своја храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот