Лорен Санчез / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Лорен Санчез за малку ќе паднеше поради шпицестите салонки пред почетокот на ревијата на „Диор“ во Париз

Лорен Санчез за малку ќе завршеше на подот поради високите потпетици со шпиц, откако се сопна при пристигнувањето на модната ревија на „Диор“, во рамки на Париската недела на модата, каде што беше во придружба на својот сопруг Џеф Безос.

Сопругата на основачот на Амазон во понеделникот присуствуваше на ревијата на висока мода „Диор“ за пролет/лето 2026 година. Двојката беше фотографирана при пристигнувањето, држејќи се за раце, додека фотографите ги следеа буквално чекор по чекор.

Санчес носеше светлосива модна комбинација, тесна сукња до колена, искомбинирана со сако во иста нијанса, со впечатлива крзнена јака. Изгледот го надополни со шпицести салонки од велур, кои на крајот за малку ќе ѝ направеа проблем.

Додека се движеше кон влезот,  врвот од чевелот ѝсе закачил на подигната плочка на подот, поради што за момент ја изгуби рамнотежата. Сепак, според видеото кое го споделија присутни минувачи, таа брзо се созеде и продолжи без поголем инцидент.

Инаку, истиот ден Санчез веќе привлече внимание и на друг настан од Париската недела на модата. Таа и Безос присуствуваа на ревијата на брендот „Schiaparelli“, каде што таа се појави во впечатливо црвено одело, комбинирано со црвени потпетици и скулптурална чанта. За разлика од неа, Безос се одлучи за класичен и дискретен изглед, црно одело и кожени чевли.

ВИДЕО | Новогодишна забава на годината: Лорен Санчез лудо се забавува, Џеф Безос не успева да ја следи!

ВИДЕО | Објавена темата за Мет Гала 2026: Луѓето се огорчени кога слушнаа кој ќе го финансира модниот спектакл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот