Фото: EPA

ВИДЕО | Објавена темата за Мет Гала 2026: Луѓето се огорчени кога слушнаа кој ќе го финансира модниот спектакл

Секој прв понеделник во мај, светот се врти околу Њујорк. Тој ден традиционално е резервиран за гала вечер која година по година ги поместува границите на модната индустрија, натпревар во екстраваганција познат како Мет Гала, најголемата лична забава на една од највлијателните жени на денешницата, Ана Винтур. Бидејќи главната тема на следниот спектакл штотуку е објавена, познатите дами имаат сосема доволно време да изберат креација што ќе ги остави и Винтур и светот без зборови.

Мет Гала закажана за 4 мај 2026 година ќе се занимава со дизајн на костуми, со лајтмотив „Уметност на костуми“ (Costume Art), чија крајна цел е да ја истакне модата како независна уметничка форма.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Според официјалното соопштение на музејот „Метрополитен“, изложбата на Институтот за костуми особено ќе се фокусира  на „западната уметност од праисторијата до денес и уметничките претстави на облеченото тело. Комбинацијата на мода и уметнички дела од обемната колекција на музејот треба да ја истакне нераскинливата врска помеѓу облеката и телото“, заедно со целините како што се Голо тело, Класично тело, Бремено тело и Тело што старее (Naked Body, Classical Body, Pregnant Body i Aging Body).

 


На кој начин уметноста ќе се спои со модата? Организаторите открија еден пример: во сегментот Голо тело, ќе има отпечаток од 1504 година од познатиот германски сликар и графичар Албрехт Дирер, која ќе биде спаренaтa со боди од еластан од белгискиот дизајнер Валтер ван Бирендонк од колекцијата што ја обравотува приказната за Адам и Ева во Рајската градина.

Планот е да се соберат околу 200 парчиња облека и додатоци, и приближно 200 уметнички дела, како што се слики, скулптури и цртежи од различни периоди и оддели на Музејот. Целта не е само да се гледа модата како естетски феномен, туку и да се истакне нејзината физичка и материјална врска со човечкото тело. Изложбата означува посебна пресвртница за „Метрополитен“: ќе биде претставена во новиот галериски комплекс отворен под покровителство на издавачката куќа „Конде Наст“.

– Тоа е изложба која навистина може да заживее на фасцинантни начини во оваа институција и да се потпре на сите делови од нашата колекција – слики, скулптури, цртежи – рекол Макс Холејн, директор на музејот, изразувајќи уверување дека посетителите на овој начин ќе доживеат посебно искуство на патувања низ историјата на уметноста.

Другите детали, како што се името на водителот и дрес кодот, сè уште не се објавени. А кога темата со којашто ќе се занимава следната Мет Гала осамна на инстаграм-страницата на музејот, дошло до мали проблеми, односно негативни реакции. Имено, краток клип откри дека изложбата е финансирана од Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез, а оваа информација покрена бранови критики на сметка на еден од најбогатите луѓе на денешницата.

Темата на сензационалниот бал, како и секогаш, ја постави Ана Винтур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот