Љафтов прв Македонец кој ќе игра во италијанската Супер одбојкарска лига

Фото: facebook.com/volleyballmkd/

Еден од најдобрите македонски одбојкарски репрезентативци одлучи кариерата да ја продолжи во една од најдобрите европски лиги.

Александар Љафтов следната натпреварувачка сезона потпиша договор (до 30 јуни 2022 година) со екипата на Порто Робур Коста Равена од Италија.

Тој е првиот Македонец кој ќе игра во најсилната италијанска Супер одбојкарска лига.

– Среќен сум што ќе бидам дел од тимот на Равена и играм во италијанската лига. За мене ќе биде уште еден нов предизвик, шампионат со кој никогаш не сум се соочил и ми дава голема мотивација бидејќи убеден сум дека може да биде позитивно за мене и за екипата.

Кога зборував со тренерот Занини, ми кажа дека клупската цел е опстанок во италијанската Суперлига, но се надевам дека ќе направиме нешто повеќе – рече Љафтов за клупскиот сајт.

Претходно настапуваше во Бугарија за составот за Хебар Пазарџик со кој успеа да стигне до шампионската титула, прва за клубот.

Македонскиот репрезентативец Николов ја продолжува кариерата во Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот