Лиса Кудроу откри дека и денес заработува од „Пријатели“ — серијата ѝ носи милиони и по 20 години
Актерката Лиса Кудроу откри дека и денес остварува огромни приходи од култната серија „Пријатели“ (Friends), повеќе од 20 години по нејзиното завршување.
Препорачано
Кудроу, која го толкуваше ликот на Фиби Буфе во сите 10 сезони од 1994 до 2004 година, изјави дека годишно заработува околу 20 милиони долари од репризите на серијата.
Ова го откри во интервју за „Тајмс“, говорејќи за повторното гледање на серијата по смртта на својот колега Метју Пери во 2023 година.
„По смртта на Пери, повторно ја изгледав серијата. Претходно ја гледав само за да видам што сум направила погрешно. Но овој пат навистина сфатив колку е одлична. Што и да направиме понатаму, никогаш нема да доживееме нешто слично“, изјави таа.

Кудроу додаде дека смета оти „добро ја одиграла“ Фиби, но посебно ги пофали своите колешки Џенифер Анистон и Кортни Кокс за нивните „неверојатни“ изведби, како и Дејвид Швимер и Мет Лебланк. За Пери рече дека бил „над сите“ со својот саркастичен хумор.
Сепак, актерката откри и дека атмосферата зад камерите не била секогаш идеална. Таа раскажа дека сценаристите знаеле да бидат исклучително груби за време на снимањата.
„Снимавме пред публика од околу 400 луѓе. Ако згрешиш реплика, ќе слушнеш коментари како: ‘Зар не знае да чита? Го расипа текстот’. Знаеше да биде брутално“, рече Кудроу.
Таа додаде дека во сценаристичката соба често се воделе и непримерни разговори, вклучително и сексуални фантазии за нејзините колешки.
И покрај тоа, Кудроу нагласи дека никогаш нема да зборува лошо за „Пријатели“, бидејќи серијата и денес, повеќе од две децении подоцна, останува „неверојатна“.
ФОТО | Кортни Кокс доби ѕвезда на Патеката на славните, пријателките од „Friends“ ѝ дадоа поддршка


