Линдзи Вон се бори со болките, повеќе од шест часа траела нејзината петта операција
Линдзи Вон како што е познато ги заврши Олимписките Игри со тешка повреда која ја заработи по само 13 секунди на патеката во нејзиниот прв настап во Италија, а денеска ѝ беше извршена и петтата операција.
Препорачано
По четирите хируршки интервенции во Тревизо, каде ѝ беше санирана скршеницата на ногата, Вон по враќањето во САД повторно беше оперирана по петти пат. Таа соопшти дека зафатот, кој траел повеќе од шест часа, поминал успешно, но закрепнувањето е исклучително болно и исцрпувачко.
„Само кратко известување… последната операција помина добро. Траеше нешто повеќе од шест часа. Се опоравувам, но болката е тешка. Напредокот е бавен, но се надевам дека наскоро ќе ја напуштам болницата. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Вон.
Скршеницата на потколеницата на левата нога е многу комплексна, поради што лекарите предупредуваат дека рехабилитацијата ќе трае подолго од очекуваното.
Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026
Американски тренер ги откри првите детали за повредата на Вон, прогнозите не се оптимистични
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
5мин
-
33мин
-
36мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


