Фото: EPA/Guillaume Horcajuelo

Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026

Американската скијачка Линдзи Вон изјави дека претрпела сериозна повреда на коленото, но се надева дека ќе се натпреварува на Зимските олимписки игри во Италија (6 – 22 февруари 2026 година).

41-годишната скијачка беше префрлена со хеликоптер во болница во Швајцарија во петокот откако падна на последната трка од Светскиот куп пред Игрите.

Поранешната олимписка шампионка изјави дека нејзиното колено е стабилно и не е отечено, и се надева дека ќе се натпреварува на спустот во Кортина.

– Ова очигледно не е она на што се надевав. Работев многу напорно за да стигнам до Игрите. Знам какви ми беа шансите и знам дека сега не ми се исти, но шансата е тука. Додека има шанса, ќе се обидам – рече Вон.

Евентуален медал во Кортина би го срушил рекордот што го постави во 2018 година кога стана најстарата жена што се искачи на подиумот во таа дисциплина на Зимските олимписки игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот