Линдзи Вон повреда во Кортина/ EPA/ANDREA SOLERO

Американски тренер ги откри првите детали за повредата на Вон, прогнозите не се оптимистични

Американската скијачка икона Линдзи Вон денеска на 41 година доживеа драматичен пад на спуст трката во Кортина со што неславно го заврши настапот на Олимписките игри, но според последните информации не е исклучено оваа повреда да значи и крај на кариерата на Американката.

Информацијата декја се работи за сериозна повреда ја потврди и тренерот на американската репрезентација за брзински дисциплини, Алекс Хедлмосер.

„Засега располагаме со многу ограничени информации. Според првите индикации, постои сомнеж за скршеница на потколеницата“, изјави Хедлмосер, додавајќи дека Вон моментално минува низ дополнителни медицински испитувања.

Несреќата се случи уште на самиот старт од трката, кога нерамнина на патеката ја наруши нејзината рамнотежа. Во обид да ја коригира линијата, Вон со десната рака ја закачи капијата, по што следуваше тежок пад.

Поранешната олимписка шампионка веднаш беше ставена на носилки и со хеликоптер пренесена во болница. Иако официјална дијагноза сè уште нема, сериозноста на ситуацијата внесува голема загриженост и не остава многу простор за оптимизам околу нејзината состојба.

Се огласи сестрата на Линдзи Вон: Беше застрашувачки, со неa сега се физиотерапевти и доктори

ВИДЕО | Тажна сцена: Линдзи Вон со тежок пад по десет секунди го заврши настапот на Олимписките игри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот