Линдзи Вон EPA/Guillaume Horcajuelo

Се огласи сестрата на Линдзи Вон: Беше застрашувачки, со неa сега се физиотерапевти и доктори

Една од најголемите скијачки во историјата, Американката Линдзи Вон, денеска доживеа тежок пад за време на олимписката трка во спуст во Кортина д’Ампецо.

Вон излета од патеката уште во горниот дел и не успеа да ја заврши трката, а постои сериозна загриженост дека овој инцидент би можел да значи и крај на нејзината богата кариера.

За драматичната ситуација се огласи нејзината сестра Карен Килдоу, која даде изјава за американската телевизија „НБЦ“.

„Беше навистина застрашувачки, бидејќи кога ќе почнеш да гледаш како изнесуваат носила, тоа никогаш не е добар знак. Но,таа се осмели, даде сè од себе и одеше до крај. Многу е тешко да се гледа тоа, но најважно за нас е таа да биде добро“, изјави Килдоу.

Килдоу додаде и дека засега нема многу информации за состојбата на Вон.

„Не знам што ќе се случува понатаму. Очигледно е дека со хеликоптер е пренесена од местото на несреќата, па најверојатно ќе мораме да почекаме. Со неа се сите нејзини хирурзи, физиотерапевти и лекари, така што сигурно ќе нè информираат и ќе одиме во болницата каде што е сместена. Единствено што во моментов го знаеме е дека е на прегледи и се надеваме дека наскоро ќе добиеме повеќе информации“, заврши таа.

Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот