Линдѕи Вон/Screenshot

ВИДЕО | Тажна сцена: Линдзи Вон со тежок пад по десет секунди го заврши настапот на Олимписките игри

Легендарната Линдзи Вон и покрај повредата која ја заработи неодамна на 41 година настапи на Олимписките игри во Кортина каде што денеска за жал имаше неславен настап.

Во последниот период имаше одлични резултати, меѓутоа повредата веројатно ѝ правеше проблеми, па настапот го заврши по само десетина секунди од тргнувањето. Засега нема информација за тежината на повредата, меѓутоа со оглед на тоа што долго време лежеше на патеката и беше изнесена со хеликоптер не е исклучено да станува збор за потешка повреда.

Кариерата Линдзи првпат ја заврши во 2019 година, но по три години пауза одлучи да се врати и повторно покажа зошто е една од најдобрите во историјата. За жал, оваа повреда може да значи и дефинитивно крај на една блескава кариера.

Храбрата Линдзи Вон е чудо – со повредено колено излезе на патеката во Кортина

Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот