Лина Ѓорческа напредуваше на ВТА листата пред турнирот во Анталија

фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 242 место на ВТА листата со 312 поени, што е скок за една позиција во однос на претходната недела.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 374 место со 226 поени, без промени во бодовите, а со скок од три позиции.

Од македонските тенисерки сингл ранг има и Магдалена Стоилковска, која се наоѓа на 1216 место со девет поени, без промена и во рангот и во бројот на поени.

Ѓорческа оваа недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија, Турција.

На врвот на ВТА листата е Ига Швјонтек од Полска со 9,770 поени, пред шампионката на „Австралија опен“, Арина Сабаленка (8,905), а на третата позиција е Американката Коко Гоф (7,200).

Новак Ѓоковиќ ја започна 411 недела на врвот на АТП листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот