Новак Ѓоковиќ ја започна 411 недела на врвот на АТП листата

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 411 недела на првото место на АТП листата. Со оглед на тоа дека српскиот ас е апсолутен рекордер, на секои седум дена само поставува нов рекорд.

На овој начин Ѓоковиќ се оддалечи од Рожер Федерер за 101 недела, откако Швајцарецот на тронот помина 310 недели. Секако, таа разлика дополнително ќе се зголеми во корист на српскиот ас, откако првата позиција ја обезбеди до 4 март, односно сигурно е дека ќе достигне 414 недели на врвот.

Иако Ноле е безбеден на врвот „само“ дотогаш, најверојатно ќе остане како првопласиран барем до „Ролан Гарос“, и би собрал 428 недели.

Карлос Алкараз дотогаш има шанса да го престигне, но само теоретски, под услов да се пријави на турнирите во Буенос Аирес, Рио Де Жанеиро и Акапулко и да ги освои сите три. Воедно, и да се случи тоа, не би се задржал долго на врвот пред Србинот, бидејќи Ѓоковиќ годинава ќе игра во Мајами и Индијан Велс, каде минатата сезона не учествуваше, па може да освои и до 2,000 бодови.

На најновата АТП листа води Ѓоковиќ со 9,855 бодови, а зад него е Алкараз со 9,255. Трет тенисер во светот е финалистот на „Австралија опен“ Данил Медведев со 8,765 бодови, а шампионот од Мелбурн Јаник Синер е четврти со 8,310.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот