Лига на Европа: Англиски предизвик за тројцата македонски репрезентативци Елмас, Адеми и Ристовски

елиф елмас
Наполи и Елиф Елмас имаат голема пречка во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска започнуваат и возбудувањата во второто по квалитет натпреварување во европските купови, Лигата на Европа во која ќе настапат двајца македонски репрезентативци.

Поради формирањето на третото клупско натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на конференции, бројот на учесници во Лигата на Европа е намален од 48 на 32 и сега повеќе наликува на ЛШ не само поради бројот на учесници туку и поради форматот на натпреварување.

Со системот на квалификации но и со јасни правила, во Лигата на Европа ќе учествуваат претежно екипите од најсилните европски лиги како Наполи, Лацио, Лестер, Вест Хем, Баер Л, Марсеј, Монако, Лион, Реал С., Бетис, Ајнтрахт, како и екипи кои често играа во Лигата на шампионите, а тоа се Олимпијакос, Динамо Загреб, Црвена звезда, Лудогорец, Фенербахче, Ференцварош, Спарта Прага, Спартак Москва…

Лигата на Европа нема да биде затворено натпреварување, а форматот ќе се разликува од тој на ЛШ по тоа што ќе има една нокаут рунда повеќе во која ќе учествуваат второпласираните екипи од ЛЕ и третопласираните од ЛШ. Победниците во групната фаза ќе играат директно во осминафиналето.

Тука е и врската со Лигата на конференции бидејќи осумте третопласирани екипи од групната фаза во Лигата на Европа ќе ги продолжат настапите во третото по ранг клупско натпреварување кое е под капата на УЕФА.
Македонија ќе има тројца претставници во Лигата на Европа, Елиф Елмас, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Адеми и и новиот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски со Динамо Загреб го пречекуваат англискиот тим Вест Хем, додека Елмас и Наполи ќе играат против Лестер.

Двојки за прво коло:

Група А
Брондби – Спарта Прага
Ренџерс – Лион

Група Б
Монако – Штурм
ПСВ – Реал С.

Група Ц
Лестер – Наполи

Група Д
Ајнтрахт – Фенербахче
Олимпијакос – Антверпен

Група Е
Галатасарај – Лацио
Локомотив Москва – Марсеј

Група Ф
Црвена звезда – Брага
Митјиланд – Лудогорец

Група Г
Баер Л. -Ференцварош
Бетис – Селтик

Група Х
Динамо Загреб – Вест Хем
Рапид Виена – Генк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот