Општина Тетово

Левица алармира за можна дубара со дигитални водомери во Тетово

На јавна дебата во општина Тетово минатата недела бил изнесен планот за воведување дигитални водомери, преку ангажирање приватна фирма, за да се подобри наплатата на потрошената вода во градот, информира Левица, а од партијата поставуваат низа прашања и со кои имплицираат дека е можна злоупотреба со најавениот тендер на кој ќе се бара компанија за дигиталните водомери.

„Општината ја пласира информацијата дека проектот е само чекор кон модернизација и поефикасен систем за наплаќање на сметките за вода. И оттука произлегуваат многу дилеми и прашања. Но, клучните прашања остануваат отворени: Општината веќе поседува водомери, од кои голем дел се украдени или извадени намерно; Зошто токму сега во вториот мандат на Касами се отвара ова прашање, а не е спроведена претходна истрага, каде завршиле тие водомери и кој е одговорен за нив? Наместо решенија и одговори на граѓаните им се нуди нов проект, со тендери преку приватна фирма, која останува мистерија, а истата поверојатно е сестринска фирма и врска до самиот тендер на владејачката партија“, велат од Левица.

Дополнително, на дебатата беше кажано дека бројот на корисници не е целосно евидентиран, а дел од нив воопшто не плаќаат вода. Просто кажано: за некого мајка, за другиот маќеа”. Оттука прашуваме: Дали ова важи и за населбата кај Блок 82, кај ресторант Мема, каде со децении никој не ни плаќа, ниту им стига сметка за вода. На диво се приклучени и жителите на новата населба над Теќе – таканаречената „населба на УЧК“, каде ЕВН не може да исклучи корисници, не пак Касами да им приклучи водомери“, пишуваат од партијата во соопштение.

„На крајот, го поставуваме прашањето: „Дали ќе се поставават конечно насекаде и по вторпат, фамозните дигитални водомери и чија ќе биде фирмата која ќе се заслади со тендерот?“ Останува да следиме будно и внимателно, која ќе биде фирмата-к’сметлија и дали ќе биде спроведена целосна дигитализација, бидејќи патот е долг, трнлив, а мисијата невозможна“, велат од Левица-Тетово.

Општината не смеела да го блокира тетовецот Видоески на Фејсбук, утврди КСЗД – тоа е дискриминација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот