Летна манџа / Фото: Wikimedia Commons

Летна манџа на три начина: Рецепти за омиленото летно јадење

Постојат многу начини на кои можете да приготвите летна манџа. Најчестата комбинација се пиперки и домати, но тоа не значи дека не можете да додадете и ориз, јајца, сирење и многу други зеленчуци. Пробајте ги овие три рецепта за летна манџа и одберете го вашиот омилен!

Рецепт број 1

Состојки:

– 1/2 кг пиперка

– 1/2 кг домати

– 2 поголеми главици кромид

– 2 чешниња лук

– 2 јајца

– врзоп магдонос

– сол, бибер и зачини по вкус

Приготвување:

Кромидот се динста на малку масло, па се додаваат лукот и пиперката, а потоа и доматот. Кога сето тоа ќе биде готово, се додаваат јајцата и зачините.

Совет: Со ваквата летна манџа, задолжително се јаде бело сирење и палента.

Летна манџа / Фото: Flickr

Рецепт број 2

Состојки:

– 3 поголеми главици кромид

– 1/2 кг пиперка

– 1 кг домати

– 1 поголем модар патлиџан

– 2 дланки ориз

– сол, бибер, оригано

– масло

Приготвување:

На масло се динста кромидот, па се додава пиперката. Кога пиперката ќе омекне, се додава модриот патлиџан, излупен и исечкан на коцки, а по 5 минути се додава и доматот исечкан на коцки. Сето тоа се динста 20-ина минути, а потоа во смесата се додава измиениот ориз. Температурата се намалува на минимум, па се остава летната манџа да се крчка уште 5 минути, но поклопена со капак. Додајте сол, бибер и оригано, па промешајте.

Совет: Со ваква летна манџа се јадат домашни колбаси.

Летна манџа / Фото: Pexels / Kübra Doğu

Рецепт број 3

Состојки:

– 1 главица кромид

– 1/2 кг пиперка

– 1/2 кг домати

– 1 луто пиперче

– сол и бибер

Приготвување:

Се динста кромидот на малку масло, се додава пиперка и лути пиперче, домати, и сето тоа се крчка неколку минути. Потоа, се тргнува од рингла и летната манџа се послужува чорбеста со коцки препечен леб.

Ние ги пробавме сите три рецепти и не можеме да одлучиме кој ни се допаѓа најмногу! Пробајте и вие, па споделете го вашето мислење или испратете ни го вашиот омилен рецепт за незаменливата летна манџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот