Лепа Брена: Фотографија која ми буди чувства, татко ми Абид – мојата најголема поддршка (ФОТО)

инстаграм

Лепа Брена својата кариера ја започна во осумдесетите години од минатиот век. Таа секогаш чекореше мудро и за секој свој потег детално размислуваше, па така повозрасните генерации ја паметат како единствената пејачка која во време на Југославија во емисиите ја коментираше економската криза или политичката ситуација.

Брена особено ја почитуваа во Брчко, каде што е родена и каде што пораснала. Дека сеќавањата ја влечат кон родниот крај, покажа и Брена, која на својот Инстаграм профил сподели стара фотографија со татко и Абид пред еден од настапите во Брчко.

– Спомени… На пауза меѓу бројните концерти. Посета на моите родители во Брчко. Најголемата поддршка, мојот татко Абид, напиша Брена под фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот