Фото: Profimedia

Легендарниот музичар со болно признание: „Се чувствувам виновен за смртта на принцезата Дијана и Доди Фајед“

Легендарниот музичар Пол Енка, во своите мемоари „На мој начин“ (My Way), открива најинтимни детали од животот, но најголем шок предизвика неговото признание дека веќе десетлетија го прогонува чувство на вина, поради сомнежот дека неговите постапки индиректно можеле да влијаат врз трагичниот настан во 1997 година, кога животот го загубија принцезата Дијана и Доди Фајед.

Како што пренесува „Рејдар онлајн“, 84-годишниот музичар опишува низа средби со младиот Фајед кои го натерале да ја преиспитува судбината и сопствената улога во неа. Енка се сеќава на првиот контакт со Доди во Лос Анџелес, по купувањето на „Хародс“ од страна на семејството Фајед.

„Се појави овој млад дечко по име Доди Фајед. Доволно фин, но типичен татин син“, пишува Енка.

Со текот на времето, станал еден вид ментор, предупредувајќи го Доди за опасностите од брзиот живот и употребата на кокаин. Најболното сеќавање, вели Анка, е моментот кога Доди го побарал и замолил да му позајми 150.000 долари.

„Не можам да му кажам на тато… само позајми ми ги за една недела“, го цитира Енка.

Доди Фајед и принцезата Дијана / Фото: MAXPPP / Newscom / Profimedia

Кога долгот не бил вратен, Енка се решил да го контактира таткото на Доди, постапка што подоцна ја поврзал со низа судбински настани.

„Што ако не му ги позајмев парите? Што ако не му се јавев на Фајед? Ќе останеше ли Доди во Лос Анџелес? Ќе беа ли тој и принцезата Дијана сè уште живи денес?“, пишува музичарот.

Тој објаснува дека паранојата на Доди, страв од киднапирања, паника и постојано возење со голема брзина, била причина што „секогаш возел брзо, брзо, брзо“. Истата таа брзина беше пресудна во кобната несреќа во парискиот тунел.

Извор за порталот изјавил: „Пол ќе замине од овој свет со ова каење.“

Иако има повеќе од 60 години кариера, Анка неодамна изјави дека не е подготвен за пензија, но дека „знае дека неговиот ден ќе дојде“.

Неговиот живот ќе биде прикажан во документарецот „Пол Енка: неговиот начин“ (Paul Anka: His Way), кој излегува на 1 декември на Ејч-би-о Макс. Насловот е симболичен – се однесува на тоа што Енка ја купил француската песна, напишал англиски текст и така го создаде легендарниот хит „My Way“ на Френк Синатра. Имал само 24 години кога ги напишал тие стихови.

ФОТО | Ова е последната слика од принцезата Дијана и принцот Вилијам: 10 дена подоцна таа трагично го загуби животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот