Лазаров без Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ во дуелите против Романија

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Како што е веќе најавено, македонската машка сениорска ракометна репрезентација во рамките од ЕХФ неделата ќе игра подготвителни натпревари против Романија.

Селекторот Кирил Лазаров за контролните мечеви против Романците повика 21 ракометар. Двајца од повиканите нема да играат поради повреда, тие се Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ.

Денеска актуелниот шампион Еурофарм Пелистер објави дека на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад Костески и Атанасијевиќ се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.

Во текот на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Десното крило наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.

Кај Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Се очекува дека левиот бек ќе се врати на терените после пауза од три недели.

– На двајцата наши млади играчи им посакуваме побрзо враќање на ракометниот терен. Клубот ќе ги превземе сите мерки за најквалитетна здравствена нега – објавија од РК Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот