„Last Christmas“, 5 години по неговата смрт: Џорџ Мајкл апсолутно го сакаше Божиќ

Џорџ Мајкл
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Радио водителот Мартин Кемп, сподели спомени од неговиот пријател, легендарниот музичар Џорџ Мајкл, во претстојната радио програма со специјално издание наречена „George Michael: 5 Years On“ што ќе се емитува на Божиќ. На поранешниот пејач и актер на „Spendau Ballet“ му се придружуваат мноштво познати фаци додека ја раскажуваат приказната за една од најголемите британски поп икони, 5 години од денот откако го загубивме.

Говорејќи во специјално снимената програма, Мартин сподели детали за неверојатната великодушност на Џорџ.

„Џорџ апсолутно го сакаше Божиќ. Божиќ во домаќинството Кемп не започнуваше се’ до 14-ти декември, кога два џиновски хампери ќе беа испорачени од Хародс преку нашата врата. Две масивни корпи полни со вино и сирење, храна и месо и се’ што ви треба за да имате одличен Божиќ. Ова не се случи само еднаш или двапати. Ова се случуваше 30 години. Денес е многу чудно што не ги добиваме тие порачки“, вели тој

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Messina Musica (@messinamusica)

„Кога првпат тој постана оваа глобална суперѕвезда, и одеднаш ги имаше сите овие пари, сакаше да ги сподели со своите пријатели. Се сеќавам на еден роденден што го имаше, ги однесе сите во авион „DC-10“. Сите негови пријатели, на островот Некер на Ричард Бренсон. И поминавме една недела таму, дваесетмина. Нуркање заедно и градење замоци од песок заедно. Никогаш нема да го заборавам. Но, тој беше таков, беше толку дарежлив. Не само со неговите пари, туку и со своето време. Тој би те слушал ако имаш проблеми. Тој беше толку убава личност“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio M100 (@radiom100)

Зборувајќи за првиот пат кога го слушнал хитот на групата на Џорџ Мајкл, „Wham!“, „Wake Me Up Before You Go-Go“, Мартин сподели колку јасно се сеќава на тоа.

„Ширли и јас моравме да се возиме до неговата куќа затоа што ја оставив мојата јакна таму претходниот ден. Кога тропнав на вратата, тој ми рече: „Мартин пред да одиш каде било, дојди горе, сакам да ти пуштам нова песна“. Отидовме во неговата спална соба и на магнетофон го пушти демото на „Wake Me Up Before You Go-Go“. Ги кажав сите работи што се исправни и треба да се кажат, како „Ова е брилијантно, ќе биде одлична песна. Ќе успеете навистина добро со неа, ќе биде посебна“. Потоа се збогував со него, ја земав јакната и си отидов. Седнав до Ширли во автомобилот и ѝ реков: „Ширл, тој штотуку ми ја пушти новата песна. Слушај, мислам дека ќе пропадне. Мислам дека тоа е најлошото нешто што некогаш сум го слушнал“.

За среќа, Мартин се покажа дека греши, бидејќи песната стана првиот хит број еден на бендот во Велика Британија и САД, продавајќи над 2 милиони копии само во САД. Мартин рече: „Како и да е, што знам, добра работа, не сум негов менаџер!“

Мартин, исто така, го сподели своето сеќавање на снимањето на божиќната песна „Do They Know It’s Christmas“ изведена од бројни ѕвезди.

„Се сеќавам дека јасно разговарав со Џорџ во Бенд Аид пред да влеземе и да ги снимиме вокалите. Тој не беше многу задоволен со зборовите. Мислам дека беше во „Wham!“ моментум во тоа време, а главата му беше полна со весели поп песни. Не му се допаднаа зборовите што Боб и Миџ ги напишаа за песната. Мислеше дека се премногу депресивни. Дури подоцна, откако го снимивме и го слушавме, тој навистина го ценеше тоа. Слушај, понекогаш е потребен голем човек за да го прифати тоа“.

Овој 25 декември и Божиќ се навршуваат пет години од трагичната смрт на легендарниот музичар, а неговиот хит „Last Christmas“ е овековечена како една од најслушаните музички нумери за време на божиќните празници насекаде низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот