Ланската шампионка на „Австралија опен“ елиминирана во второто коло!

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Американската тенисерка Софија Кенин многу рано го заврши настапот во Мелбурн каде што минатата година го освои трофејот, но истиот не успеа да го одбрани.

Во второто коло на грен слем тенискиот турнир „Австралија опен“ (кој се игра за награден фонд од 80 милиони австралиски долари) беше поразена од Каје Канепи (Естонија) со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:2. Наредна противничка на естонската натпреварувачка ќе биде Хрватката Дона Векиќ.

Најдобрата тенисерка на ВТА, Ешли Барти (Австралија) со 6:1 и 7:6 (7) за еден и пол час игра славеше против нејзината сонародничка Дарија Гаврилова.

Немаше изненадување во другите мечеви во женска конкуренција, успешни беа уште Роџерс, Мухова, Плишкова, Путинцева, Александрова, Контавејт, Јуван, Бреди, Младеновиќ, како и Бенчиќ која со 2:1 после два и пол часа игра ја совлада Кузњецова.

Кај мажите Фелисијано Лопез иако беше во негатива (5:7, 3:6), на крајот целосен пресврт направи Шпанецот против подоброрангираниот Италијанец добивајќи ги наредните три сета (6:3, 7:5 и 6:4).

Русинот Андреј Рубљов (седми носител) со максимални 3:0 го елиминираше Бразилецот Тијаго Монтеиро, додека 10 носител Матео Беретини од Италија со 3:1 славеше против Чехот Томас Махач. Елиминација доживеа Хрватот Борна Чориќ (22. АТП) кој со 3:1 (6:4, 6:2, 4:6, 6:4) беше поразен дури од 192 рангиран на АТП, Американецот Мекензи МекДоналд.

Петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас многу потешко од очекувањата со 3:2 во еден долг меч кој траеше нешто над четири и пол часа триумфираше против австралискиот тенисер Танаси Кокинакис (6:7, 6:4, 6:1, 6:7, 6:4). Победи забележаа и Херис, Имер, Руд, Хачанов, Крајиновиќ, Албот, Фоњини и Де Минаур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот