Љафтов: Долго време се чекаше на овој успех во Пазарџик, за нас и градот ова е историја!

Фото: Национална Волейболна Лига / National Volleyball League/facebook

Македонскиот одбојкарски репрезентативец заедно со неговиот клуб Хебар Пазарџик испишаа историја во бугарската Суперлига.

Во финалето со максимален резултат 3:0 успеаја одбојкарите на Хебар Пазарџик да триумфираат против Нефтохимик Бургас.

Значаен придонес во првата титула на овој клуб имаше и нашиот играч Љафтов..

– Навистина се радувам што и македонските медиуми ме следат интернационално. Искрено, многу сум среќен, долго време се чекаше на овој успех во Пазарџик, за нас и за целиот град ова е историја.

Не беше воопшто лесно, целата измината година, крајот на минатата, многу промени… Но, сето тоа нѐ направи посилни и мислам дека тоа е причината за да изгледаме толку убедливо и да ја освоиме титулата во три чисти победи без да дадеме шанса на противникот. Се надевам тука да не застанеме и во иднина – ни изјави Љафтов.

ВИДЕО: Љафтов и Хебар Пазарџик со историска прва титула во Бугарија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот