ВИДЕО: Љафтов и Хебар Пазарџик со историска прва титула во Бугарија!

Фото: facebook/Национална Волейболна Лига/National Volleyball League

Македонскиот одбојкарски репрезентативец денеска запиша голем успех со неговиот клуб Хебар Пазарџик во бугарската Суперлига.

Во победата од 3:1 во сетови 25:21, 18:25, 20:25 и 14:25 против Нефтохимик Бургас, Александар Љафтов запиша 14 поени во првата историска титула на клубот.

Истиот учинок го имаше и неговиот тимски колега Т. Алексиев, а најефикасен беше Гунтер со 22 поени.

Севкупно во финалниот плеј-оф Хебар Пазарџик триумфираше со максимален резултат 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот