Квентин Тарантино е воодушевен од новиот „Top Gun: Maverick“: Тоа е филмски спектакл

Квентин Тарантино
Квентин Тарантино и Том Круз / Фото: EPA-EFE/Принтскрин ИМДБ

Квентин Тарантино го пофали новиот хит на Том Круз – „Top Gun: Maverick“. Во подкастот „ReelBend“, режисерот разговараше со Роџер Ејвери, сценаристот со кој Тарантино соработуваше на култниот „Pulp Fiction“. Во разговорот Тарантино новиот „Top Gun“ го нарече „филмски спектакл“.

„Проклето го обожавам „Top Gun: Maverick“. Мислам дека е фантастичен. Го гледав во кино… „Top Gun“ и „West Side Story“ на Спилберг се вистински филмски спектакли. Тоа е филм за кој мислев дека никогаш повеќе нема да го гледам“, изјави големиот Квентин Тарантино.

Го пофали режисерот Џозеф Косински

Тој се осврна и на режијата на Џозеф Косински истакнувајќи дека е голем обожавател на делото на Тони Скот, режисерот на оригиналниот „Top Gun“ од 1986 година, и рече дека мисли дека Косински се обидел до одреден степен да го копира стилот на снимање филмови на Скот.

„Тука има една прекрасна, прекрасна работа. Навистина го сакам Тони Скот и начинот на кој тој создаваше филмови. Мислам дека ова е најблиску до некој филм на Скот што некогаш ќе го видиме. Косински заврши одлична работа. Почитта кон Тони се гледаше во секој кадар“, истакна тој.

„Top Gun“ заработи повеќе од милијарда долари по еден месец од прикажувањето и веднаш стана најуспешниот филм на Том Круз. И гледачите и критичарите беа воодушевени од филмот, кои напишаа дека тој не е само совршен блокбастер базиран на успешен претходник, туку дека ја подигнува целата приказна на повисоко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот