Курц апелира да се почитуваат мерките

Себастијан Курц стана татко/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL GRUBER

Тој истакна дека постигнатиот напредок сега не смее да биде загрозен.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат важечките мерки, еден ден пред олеснување на мерките за карантин.

– Само на тој начин можеме да го продолжиме позитивниот развој. Во изминатите неколку недели успеавме да го преполовиме дневниот број на новоинфицирани лица, истакна Курц.

Тој истакна дека постигнатиот напредок сега не смее да биде загрозен.

Останатите мерки, како што се ноќниот полициски час, ограничување на контактите и затворените ресторани и хотели, според него, немаат алтернатива.

Друг важен инструмент за прекинување на синџирот на инфекција, како што нагласи, се масовните тестирања, поради што ги повикува граѓаните да учествуваат во таа акција.

– Со брз тест од 15 минути, можеме да избегнеме понатамошно заклучување, рече Курц.

Во исто време, тој го повтори својот оптимистички став за вакцината.

– Развојот и одобрувањето на вакцината напредува брзо, а во тек се подготовки со цел да почнеме со употреба на вакцината во јануари, подвлече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот