Кулминираа проблемите во семејството Клуни: Амал го исфрлила Џорџ Клуни од домот
Актерот Џорџ Клуни и неговата 16 години помлада сопруга Амал неретко се тема на странските медиуми поради нивниот бурен однос.
За разводот на познатиот пар Џорџ (59) и Амал Клуни (42) се шпекулира во светските медиуми уште од почетокот на мај, а едни од причините за разводот се конфликтите и несогласувањата кои се случувале за време на карантинот.
Препорачано

Гласините за тоа дека Џорџ не е среќен со својата помлада сопруга станаа почести. Имено, овој познат пар наводно веќе некое време има проблеми во бракот, а се започнало кога тие требало да одлучат каде тригодишните близнаци ќе тргнат во училиште.
Адвокатката сакала животот да го продолжат во Лондон, Велика Британија, а пак холивудскиот актер се гледал себеси со семејството само во Лос Анџелес, Калифорнија.
Локалните медиуми константно шпекулираат дека познатиот пар наскоро би можел да стави точка на бракот поради зачестените несогласувања, а како што сега дознаваат, се чини дека навистина дошол крајот, бидејќи како што велат, Амал го избркала од домот актерот откако тој не ни сакал да ја разгледа идејата за проширување на семејството и уште едно дете.

Брачниот пар неодамна наводно имал голема семејна кавга, по која актерот Клуни веднаш ја напуштил куќата во која моментално живеат и повеќе од еден месец тие не живеат заедно.


