Куќата на хоророт: Исповед на децата чии родители со години ги држеле во кафези

Семејството Турпин/ Фото Youtube Screenshot ABC

Деновиве светот имаше прва можност да види како изгледа полициската рација во хорор куќа во Калифорнија, во која брачна двојка ги држела своите тринаесет деца во кафези.

На снимката се гледа како полицаец влегува во куќата и наидува на Дејвид Турпин и неговата спарга Луиз, а потоа ги наоѓа децата, од кои најмалку две биле врзани со синџири за креветот.

Браќата и сестрите, кои биле на возраст од 2 до 29 години во моментот кога биле спасени во 2018-та година, биле извлечени од куќата откако нивната сестра Џордан, која тогаш имала 17 години, успеала да излезе од прозорецот и да повика полиција.

На објавените снимки се гледа и моментот кога Џордан повикала полиција.

„Само што побегнав од дома. Живеам во семејство од 15 членови и нашите родители се насилници. Моите две мали сестри се врзани со синџири за креветот“ се слуша како Џордан зборува.

Сега пред камера се појавија и тие две сестри подготвени да раскажат се за траумите кои ги доживеале додека биле под покривот на нивните родители. Еден од нив, во интервју што следната недела ќе го емитува Еј-Би-Си њуз вели дека постои само зборот „пекол“ за да се опише се.

„Мајка ми ме давеше, мислев дека ќе умрам“

Џордан ги потврди зборовите на нејзината сестра и рече дека сите се чувствувале како да се на работ на смртта неколку пати.

„Мајка ми ме давеше, мислев дека ќе умрам“, вели Џордан.

Децата од семејството Турпин редовно биле малтретирани. Дејвид и Луиз ги тепале, ги оставале да гладуваат и ги давеле. Куќата во која живееле била полна со нечистотија, а човечки измет се чувствуваат насекаде.

Една од медицинските сестри тврди дека децата биле со месеци врзани за синџири. Злоупотребата била толку страшна што децата добиле развојни нарушувања и бројни здравствени проблеми, а двете девојчиња никогаш нема да можат да се реализираат како мајки.

Ќерќите Турнип
Ќерќите Турнип, со години малтретирани од нивните родители/ Фото Youtube screenshot ABC News

Никогаш не излегле сами

Децата со години трпеле малтретирање, а се се дознало дури во јануари 2018-та година, кога Џордан успеала да побегне и за се да ја извести полицијата. Разговарале со неа повеќе од 20 минути, бидејќи и требало толку време на девојката да им објасни како да ја најдат, бидејќи никогаш претходно не излегла сама од дома.

Во разговор со новинарката Џордан рече дека решила да се јави бидејќи сфатила дека таа, нејзините браќа и сестри буквално во секој момент се поблиску до смртта.

„Беше или тогаш или никогаш. Да ми се случеше нешто тогаш, барем ќе умрев обидувајќи се да не спасам“ рекла девојката.

Откако Дејвид и Луиз беа уапсени во јануари 2018 година, стана познато што претрпеле сите деца низ годините.

Еднаш годишно се туширале

Полицајците сведочеа дека децата им рекле дека смеат да се тушираат еднаш годишно.

Ним им било дозволено да излегуваат од собите само за да јадат. Некогаш добивавле три, а некогаш еден оброк. Со години секој ден јаделе по две кришки леб со путер од кикирики или салама. Додека јаделе речиси сув леб, Дејвид и Луиз јаделе пити и се останато што децата не смееле да го јадат пред нив.

На децата не им било дозволено да играат како другите деца и никогаш немале играчки.

„Родителите ми го украдоа животот и сега се обидувам да го вратам“ рекла една од сестрите која не беше именувана кога беше објавено интервјуто.

Борци, а не жртви

Таа рече дека не сака никој да ги памети нејзините браќа и сестри како жртви, туку како борци.

„Сакам некој да ни го слушне презимето и да каже: „Браво, тие се силни. Тоа не ги скршило.“, рекла девојката.

Џордан изјави дека по спасувањето нејзиниот живот бил сосема поинаков.

Бил интервјуиран и окружниот обвинител кој го водел случајот. Тој рече дека овој случај му го променил животот.

„Има случаи кои не можете да ги заборавите. Кои ве прогонуваат“ вели Мајк Хестрин.

Дејвид и Луиз во 2019 година признале 14 злосторства и биле осудени на доживотен затвор, со можност за ослободување по 25 години. Тие ќе останат во затвор уште најмалку 22 години.

Нивните тринаесет деца беа отстранети од очите на јавноста за време на судењето за да можат да се опорават од сето она што го доживеале и за да можат да се прилагодат на новите услови за живот.

„Некои од нив живеат сами, во свој стан, а во исто време работат и одат на училиште. Некој волонтирај, оди во црква“ изјави тогаш Бичам и додаде дека сите се гледаат редовно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот