Кризата со Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството, предупредува ОН
Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормускиот Теснец би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите.
Препорачано
Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија.
„Часовникот отчукува, а земјоделските календари ги ставаат посиромашните земји во најголем ризик од недостиг и високи цени на ѓубрива и енергенси“, изјави главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.
„Последното нешто што го сакаме е пониски приноси на земјоделските култури и повисоки цени на суровините и храната во наредната година. Тоа најверојатно ќе ги принуди земјите да воведат политики за намалување на домашните цени на храната, што би довело до повисоки каматни стапки и, како резултат, потенцијално побавен економски раст ширум светот“, дополни тој.
ФАО го издаде предупредувањето неколку часа откако почна американската поморска блокада на иранските пристаништа.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека секој ирански брод што ќе се приближи до американската блокада на Ормуски Теснец ќе биде уништен.
„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број од она што тие го нарекуваат „брзи напаѓачки чамци“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Ако некој од овие бродови се приближи до нашата блокада, тој веднаш ќе биде елиминиран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, кратко откако почна американската блокада на Ормускиот Теснец.
Почна американската блокада на иранските пристаништа, не се знае како ќе функционира
Трамп претходно соопшти дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите пловила што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучително и оние во Арапскиот и Оманскиот залив, и ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на пловилото.


