Санкциониран ирански танкер без проблем помина низ Ормускиот Теснец – функционира ли американската блокада?
Бродот, регистриран под името „Елпис“, е делумно натоварен и беше ставен под американски санкции во 2025 година поради „вклученост во продажба, купување и транспорт на иранска нафта“, како дел од таканаречената иранска флота во сенка.
Нафтен танкер денеска попладне поминал низ Ормускиот Теснец, иако блокадата на иранскиот поморски сообраќај што ја воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп требаше веќе да стапи во сила, покажуваат податоците објавени од „Кплер“, платформа за податочна интелигенција и аналитика за глобалните трговски текови, објави „Си-ен-ен“.
Препорачано
Бродот, регистриран под името „Елпис“, е делумно натоварен и беше ставен под американски санкции во 2025 година поради „вклученост во продажба, купување и транспорт на иранска нафта“, како дел од таканаречената иранска флота во сенка.
За разлика од него, танкер регистриран во Боцвана, „Острија“, се вратил назад додека се обидувал да го мине теснецот. Само 41 минута по рокот што го постави Трамп, бродот ја сменил својата наведена дестинација од Оман во Обединетите Арапски Емирати, откако се свртел назад, според увидот на „Си-ен-ен“ во податоците за следење бродови од „Кплер“.
Неколку минути по стапувањето во сила на блокадата, друг танкер, „Рич Старри“, го емитувал својот статус како „лебди“ во близина на брегот на островот Кешм, очигледно одложувајќи го своето минување низ каналот. Неколку часа пред почетокот на американската блокада, податоците за поморскиот сообраќај покажувале дека движењето низ овој клучен воден пат веќе се проретчило.
Поморската блокада на Иран, наредена од претседателот Доналд Трамп, започна денеска откако САД и Иран не успеаја да постигнат договор за време на директните мировни разговори во Пакистан за викендот. Ова е уште еден голем и збунувачки пресврт од Трамп во последните 24 часа, па сѐ уште не е јасно како ќе функционира целиот систем. Ова поминување на иранскиот танкер уште повеќе го повлекува прашањето дали блокадата е во сила.
Иранските вооружени сили претходно ги оценија американските ограничувања за бродовите во меѓународните води како „пиратство“, по заканата на Доналд Трамп за блокада на бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.
Трамп повторно одбиен од Британците: „Нема да се придружиме на блокадата на Ормутскиот теснец“


